Од Анкара

Лавров: Русија е спремна во соработка со Турција да ја гарантира безбедноста на украинските бродови со жито

Москва е спремна да ја гарантира безбедноста на бродовите со жито што ги напуштаат украинските пристаништа, во соработка со Турција, изјави денеска во Анкара рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Фото: ЕПА

„Спремни сме да ја гарантираме безбедноста на бродовите што ги напуштаат украинските пристаништа... во соработка со нашите турски колеги“, рече Лавров на заедничката прес-конференција со својот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Лавров синоќа пристигна во Анкара на разговори за воспоставување безбедносни коридори за олеснување на извозот на жито во Црно Море.

По барање на Обединетите нации, Турција понуди да помогне за придружба на конвоите од украинските пристаништа и покрај опасноста од мини поставени таму поради руската инвазија на Украина.

Чавушоглу рече дека планот на ОН е „разумен и остварлив“ и дека „Украина и Русија треба да го прифатат“.

Украина е четвртиот најголем извозник на пченка во светот и пред војната беше на пат да стане трет најголем извозник на жито во светот. Поради војната, која почна на 24 февруари, цените на житото скокнаа и се закануваат да предизвикаат глад во земјите што зависат од таа храна, особено во Африка и Блискиот Исток.

Чавушоглу оцени и дека укинувањето на санкциите поврзани со рускиот извоз на земјоделски и некои други производи е „легитимно“.

„Ако треба да го отвориме украинскиот меѓународен пазар, сметаме дека е легитимно да се отстранат пречките за рускиот извоз“, рече Чавушоглу. Тој конкретно го спомна извозот на руски „житарки и ѓубрива“, кој не е погоден од санкциите на Западот против Москва, но всушност беше спречен поради суспензијата на банкарските и финансиските трансакции со Русија.

Непосредно пред војната, Киев месечно извезуваше 12 отсто жито, 15 отсто пченка и 50 отсто сончогледово масло на светско ниво.

„Во моментов имаме блокирани меѓу 20 и 25 милиони тони. Наесен тоа може да достигне меѓу 70 и 75 милиони тони“, предупреди претходно денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе