Лавров разговараше со Блинкен: „Војната ќе заврши побрзо ако престанете да испраќате оружје“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска му рече на американскиот државен секретар Антони Блинкен дека Вашингтон не го исполнува ветувањето дека испораките на храна од Русија ќе бидат изземени од санкциите.

Фото: ЕПА

Руското Министерство за надворешни работи наведува и дека Лавров му рекол на Блинкен дека Русија ќе ги постигне сите цели на својата „специјална воена операција“ во Украина и дека западните испораки на оружје само ќе го продолжат конфликтот.

Блинкен за разговорот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека бил искрен и директен.

Ова е првпат двајцата да разговараат од почетокот на војната во Украина.

„Го притиснав Кремљ да го прифати предлогот што го дадовме за ослободување на Пол Вилан и Бритни Грајнер“, рече Блинкен. Си-ен-ен претходно објави дека САД се подготвени да го разменат осудениот руски дилер на оружје Виктор Бут за американски затвореник.

Блинкен рече и дека разговарале за договорот за безбеден транзит на украинското жито преку Црното Море. „Сакаме да видиме напредок што е можно побрзо“, рече Блинкен.

Тој исто така нагласи дека „светот нема да ги признае анексиите“ и дека „ќе ѝ наметне дополнителни трошоци на Русија доколку почне да ги спроведува своите планови“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе