Лавров: Прекин на огнот во Идлиб би било капитулација пред терористите

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го отфрли повикот за прекин на огнот во провинцијата Идлиб затоа што тоа би било „капитулација пред терористите", рече тој воочи состанокот на кој претставници на неговата земја и на Иран и Турција ќе се обидат да најдат решение за Идлиб.

Таков прекин на огнот би претставувал „капитулација пред терористите и наградување на нивните активности“, рече Лавров пред Советот за човекови права во Женева.

Лавров ги обвини некои влади дека сакаат „да ги оправдаат скандалозните активности на радикалните и терористички групи“.

Дамаск, со поддршка на руската авијација, започна офанзива во северозападна Сирија, поради што се раселени околу 900.000 луѓе, според податоците на ОН, кои во понеделникот предупредија дека судирите опасно се приближуваат до нивните позиции и дека може да предизвикаат крвопролевање.

Никогаш во сириската војна што избувна во 2011 година не дошло до таков егзодус во толку краток период.

Претседателите на Турција, Реџеп Таип Ердоган и Русија, Владимир Путин, главните меѓународни актери во војната во Сирија, во 2018 година во Сочи склучија договор со кој се воведени демилитаризирани зони во провинцијата Идлиб, кои треба да ги одвојат позициите на режимот од оние на бунтовниците и џихадистите. Тој договор во последните неколку недели пропадна, и за тоа двете страни меѓусебно се обвинуваат.

Ердоган најави самит за Сирија кој би се одржал на 5 март, и станува збор за иницијатива со која се обидува да се најде решение за кризата во Идлиб.

Таа област е во рацете на бунтовничките групи со кои доминира Хаџити Тахрир ал-Шам, чии началници се поранешни лидери на сирискиот огранок на Ал Каеда.

Во Женева, Меѓународниот одбор на Црвениот крст длабоко е загрижен за ситуацијата во областа Идлиб.

„Зимата е многу сурова во Идлиб, луѓето се заглавени, отсечени од сè и немаат што да јадат. Ова е тотално неприфатливо“, рече Фабрицио Карбони, регионален директор на Меѓународниот одбор на Црвениот крст за Блискиот исток.

„Веднаш бараме од сите страни да им дозволат на цивилите да се засолнат на безбедно“, додаде тој.

Како што продолжуваат судирите во Идлиб, Меѓународниот одбор на Црвениот крст смета дека хуманитарните работници и волонтерите имаат тежок и опасен пристап до жртвите и побара од сите страни да гарантираат пристап и безбедност за да одговорат на потребите на цивилите од обете страни на фронтот.

Повеќе од 380.000 луѓе загинаа во војната што започна со репресија на мирни протести во март 2011 година.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе