Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека НАТО претставува „сериозна закана“ за таа земја и дека политиката на Западот ризикува „директен нуклеарен судир со катастрофални последици“.
Според Ројтерс, Лавров изјавил и дека жали што САД одбиле да водат разговори со Москва за „стратегиска стабилност“.
„Без директни разговори меѓу двете најголеми нуклеарни сили во светот, ризикот за глобалната безбедност само ќе расте. Политиката на НАТО ризикува директен судир“, рече Лавров.