ЕМА не ја одобри употребата на Спутник во ЕУ

Лавров: Подготвени сме за заемно признавање на вакцините против ковид

Русија е отворена за предлогот од Европската унија (ЕУ) за заемно признавање на анти-ковид вакцините и сертификатите за вакцинација, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Фото: ЕПА

„Неодамна од Европската комисија е речено: Ајде да разговараме со Русија за заемно признавање на вакцините и сертификатите. Ние сме отворени за тој дијалог“, рече Лавров на вебинар за руската надворешна политика, пренесува ТАСС.

Европската агенција за лекови не ја одобри употребата на Спутник во ЕУ, но Унгарија и Словачка ја купија најпознатата руска вакцина против коронавирус.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе