Лавров: „Односите со НАТО не се катастрофални. Ги нема“

Односите меѓу Русија и НАТО не можат да се наречат катастрофални затоа што воопшто ги нема, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорот со министерката за надворешни работи на Норвешка Аникен Хуитфелд.

Фото: ЕПА

„Односите меѓу Русија и НАТО не можат да се наречат катастрофални бидејќи само нешто што навистина постои може да се нарече катастрофално. Ние немаме односи со НАТО“, рече Лавров, пренесува ТАСС.

Сепак, Лавров истакна дека Москва има добри билатерални односи со некои земји членки на НАТО, вклучувајќи ја и Норвешка каде е во посета.

На 6 октомври НАТО објави намалување на руската мисија во Брисел од 20 на 10 лица, нареди одземање на акредитацијата на осум дипломати и укинување на две позиции за руски претставници во алијансата, а потоа побара руските дипломати да го напуштат Брисел пред крајот на октомври.

На 18 октомври Лавров објави дека Русија ја суспендира својата постојана мисија при НАТО од 1 ноември како и работата на НАТО канцеларијата за информации и воени односи во Москва исто така од 1 ноември.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе