Шефот на руската дипломатија

Лавров: Обединувањето на Крим и Русија не може да го смени никој – ни ЕУ, ни САД, ни НАТО

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров порача дека прашањето на повторното обединување на Крим и Русија е завршено, истакнувајќи дека никаков надворешен фактор не може да го смени тоа.

Тој денес кажа и дека „Крим и Русија се повторно обединети на општо добро и дека ниедна странска декларација на САД, ЕУ или НАТО не може да го промени тој факт“, пренесува ТАСС.

„Прашањето на повторното обединување на Крим со Русија е решено без оглед дали тоа некому му се допаѓа или не“, подвлече Лавров и додаде дека „ниедна декларација која доаѓа од Вашингтон, ЕУ или НАТО не може да ја промени таа реалност, ни политички, а ни правно“.

Рускиот министер истакна и дека црноморскиот полуостров во последно време е сѐ попосетен од европски претставници, и дека тие самите можат да ја видат реалноста на Крим, и дека неговите жители цврсто стојат зад изборот кој самостојно го направија.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе