Лавров: Ние нема да трчаме по никого барајќи разговори (ВИДЕО)

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека нема да ги брка САД за разговори откако неговиот колега Антони Блинкен одби да се види со него на самитот на Г-20 во Индонезија.

Фото: ЕПА

„Не бевме ние тие што ги прекинаа контактите, тоа беа Соединетите Држави“, им рече Лавров на новинарите на разговорите на островот Бали. „Ние не трчаме по никого за да предлагаме средби.“

Лавров рече дека ако Западот сака Украина да ја победи Русија, тогаш Русија нема што да разговара со Западот, за кој рече дека го спречува Киев да постигне мировен договор.

Извици како „Кога ќе ја запрете војната?“ и „Зошто не ја запрете војната?“ се слушаа додека Лавров се ракуваше со својата индонезиска колешка Ретна Марсуди на почетокот на средбата.

Блинкен одби да се сретне со рускиот министер за надворешни работи, но ѝ се обрати на Русија за време на разговорите и ја претстави американската финансиска помош за олеснување на глобалниот недостиг од храна предизвикан од војната во Украина, главен извор на глобален извоз на жито и пченка.

„Русија е изворот на проблемот, САД се фокусирани на решенија“, рече Блинкен.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе