„Не верувам дека може да почне нуклеарна војна“

Лавров: Не ја нападнавме Украина

Рускиот министер за надворешни работи тврди дека неговата земја не ја нападнала Украина и дека тоа нема да ѝ го стори на ниедна друга земја. „Путин не би одбил средба со Зеленски, но секој таков контакт треба да биде суштински и за конкретни прашања.“

Фото: ЕПА

Русија не ја нападна Украина, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со украинскиот и турскиот колега, Дмитро Кулеба и Мевлут Чавушоглу.

Тој рече дека гласините за потенцијален руски напад врз поранешните советски балтички земји се стари лажни вести.

„Што се однесува на вашето прашање дали планираме да извршиме инвазија на други земји, немаме планови да извршиме инвазија на други земји. Не сме ја нападнале ниту Украина. Во Украина, едноставно сме... го објаснивме тоа многу пати. Ситуацијата што се развива таму поставува директни закани за безбедноста на Русија“, рече тој.

Според високиот руски дипломат, доказите покажуваат дека Украина веќе овој месец планирала да ги нападне украинските области Доњецк и Луганск. „И покрај нашите долгогодишни предупредувања, потсетници, повици и предлози, никој не нѐ послуша. Претседателот Путин зборуваше на оваа тема повеќе од еднаш и детално. И новите факти што сега се откриваат на ослободените територии, особено во регионите Доњецк и Луганск, укажуваат дека е планиран напад врз овие републики. Тоа беше темелно планирано и веќе беше закажано за овој месец“, рече Лавров, пренесе ТАСС.

Лавров рече дека земјата сака да има „сериозен разговор“ за решавање на украинската криза. „Путин не би одбил средба со Зеленски, но секој таков контакт треба да биде суштински и за конкретни прашања“, рече тој.

Лавров рече дека не верува оти конфликтот на Русија со Западот околу Украина ќе доведе до нуклеарна војна.

„Не сакам да верувам и не верувам дека може да почне нуклеарна војна“, им одговори Лавров на новинарите на прашањето дали ќе има нуклеарна војна.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе