Лавров: Не е вистина дека се мешаме во внатрешните прашања на државите на Балканот

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавор ги отфрли вчера тврдењата на одделни функционери на Западот дека Москва се обидува да се меша во внатрешните работи на земјите од Западниот Балкан за да оствари влијание во регионот, тврдејќи дека Русија со сите има односи засновани на заемните интереси.

EPA-EFE

„Навикнавме на тврдењата дека Русија наводно се обидува да се меша во животот на Западниот Балкан. Имаме односи со Србија и другите земји во регионот засновани на заемна корист, односно баланс на интересите“, кажа Лавров на заедничката прес-конференција по разговорот со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Лавров синоќа допатува во Белград каде на дводневниот собир ќе ја претстава Русија како земја набљудувач на одбележувањето на 60-годишнината од првата конференција на Движењето на неврзаните, на кое Србија е домаќин.

Лавров во контекст на влијанието во регионот кажа дека токму од Брисел покажуваат интерес за регионот, оспорувајќи им го на другите.

„Претходната шефица на евродипломатијата Федерика Могерини кажа дека, кога ЕУ некаде учествува, другите немаат што да бараат, а ЕУ смета дека може да ја спроведува својата политика, која е далеку од конструктивна, и во регионите далеку од Европа“, кажа Лавров.

„Станува збор за тоа дека, таму каде што тие имаат интереси, ние таму не би требале да имаме иницијатива“, истакна шефот на руската дипломатија, оценувајќи дека тоа е „неоколонијално размислување“.

Лавров кажа дека на неодамнешното заседание на Генералното собрание на ОН, во разговор со шефот на евродипломатијата Жосеп Борел, повторно побара, ако некој со конкретни факти може да ги потврди неоснованите обвинувања дека Русија ги крши нормите на меѓународното право на Западниот Балкан или каде било, „тоа и да го покаже“.

Тој истакна дека Кремљ непроменето се залага решението на косовскиот проблем да се заснова на почитување на Резолуцијата 1244 на ОН и во рамки на директниот дијалог на Белград и Приштина, а да го одобри Советот за безбедност на ОН.

Тоа е „цврст став на Русија“ кој повеќе пати го истакна и претседателот Владимир Путин, порачувајќи дека Русија ќе прифати „секакво решени кое им одговара на Србија и српскиот народ“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, заблагодарувајќи им се на Лавров и Русија за поддршката на територијалниот интегритет и суверенитетот на Србија во решавањето на косовското прашање, истакна дека Србија е благодарна и на инсистирањето дека прашањето на Косово може да се реши „само со постигнување компромис, а не со наметнување диктат на Србија“.

Вучиќ кажа дека Србија има исклучително добри односи со Русија и дека „тоа не го крие, за разлика од оние кои се срамат или плашат тоа да го признаат“, истакнувајќи го задоволството од билатералните односи и поддршката од Русија во сите меѓународните организации и институции.

Тој кажа дека го запознал Лавров со „објективните стравувања“ кои се однесуваат на позицијата на Србија и српскиот народ во регионот, наведувајќи дека од рускиот министер „го добил мислењето на Руската Федерација“ и „важни совети“.

Вучиќ истакна дека Србија ќе остане воено неутрална земја и дека согласно на тоа ќе ги развива своите одбранбени капацитети за да го одврати секој потенцијален агресор „од намерата да ја загрози слободата на Србија“.

Српскиот претседател особено ѝ се заблагодари на Русија за помошта да се обезбеди енергетската стабилност на Србија и порача дека се надева дека Белград од Москва ќе ја добие „најповолната цена на гасот“ во Европа, очекувајќи Лавров да му ги пренесе тие надевања на Путин.

Коментирајќи ја енергетската криза во светот, Вучиќ оцени дека причината за тоа е што европските земји „од политички причини“ не потпишале долгорочни договори со Русија за испорака на гас.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе