Лавров: Москва не ја поттикнува кризата со храна, ние ќе ги исполниме нашите обврски

Русија не ја поттикнува кризата со храна и ќе продолжи да снабдува храна и енергија и да ги исполнува меѓународните договори, вети рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. 

Фото: ЕПА

Во написот што се појави во неколку весници пред неговото патување во Африка, Лавров напиша дека „шпекулациите на западната и украинската пропаганда дека Русија наводно извезува глад се апсолутно неосновани“.

Лавров нагласи дека проблемите почнале за време на пандемијата на коронавирусот, кога Западот ги искористил своите пари за пренасочување на синџирите на стоки и храна, „влошувајќи ја ситуацијата во земјите во развој што зависат од увозот на храна“. „Русија ќе продолжи совесно да ги исполнува своите обврски од меѓународните договори во однос на извозот на храна, ѓубрива, извори на енергија и други стоки од витално значење за Африка“, рече Лавров.

Украина и Русија попладнево во Истанбул ќе потпишат договор за извоз на жито, соопшти синоќа кабинетот на турскиот претседател.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и претставници на Украина и Русија, ќе учествуваат на церемонијата на потпишување во 15:30 часот по средноевропско време во палатата Долмабахче во Истанбул, додаваат од канцеларијата.

Договорот треба да овозможи повторно користење на пристаништата на Црно Море благодарение на воспоставувањето безбедни рути и прекини на огнот во транзитните области. Беше планирана проверка на трговските бродови, кои најверојатно ќе ѝ бидат доверени на Турција, за да се осигури дека бродовите што одат во Одеса по жито не носат оружје.

Планирано е и формирање координативен центар во Истанбул, во кој би учествувале поморски експерти и стручњаци од ОН, велат дипломатите. Украинските пристаништа на Црно Море, до неодамна главни извозни точки за земјоделски производи, беа блокирани откако Русија ја почна својата инвазија на Украина во февруари.

Двете земји се главни извозници на жито на светските пазари. Русија е исто така главен производител на вештачки ѓубрива, а Украина е главен производител на нафта. Потпишувањето на договорот меѓу Украина и Русија треба брзо да ги намали цените, кои драстично растат во последните месеци. Како резултат на тоа, кризата со храна им се заканува на голем број земји со глад, особено во Африка јужно од Сахара, но и во Либан и Египет.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе