Шефот на руската дипломатија

Лавров: Москва ќе бара правно обврзувачки безбедносни гаранции од земјите на НАТО

Министерот истакна дека прашањето тука е одбивање на натамошното проширување на НАТО и напуштање на „букурешката формула“, според која Украина и Грузија стануваат членки на западниот воен блок.

Фото: ЕПА

Москва верува дека добивањето правно обврзувачки безбедносни гаранции од членките на НАТО е од огромно значење, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во видеообраќањето на Конференцијата за разоружување.

„(Нашите) западни колеги сè уште не покажаа волја да ѝ дадат на Русија долгорочни законски обврзувачки безбедносни гаранции... За нас, постигнувањето на овие цели е од фундаментално значење“, нагласи Лавров.

Министерот истакна дека прашањето тука е одбивање на натамошното проширување на НАТО и напуштање на „формулата од Букурешт“ (од Самитот во Букурешт 2008 година), според која Украина и Грузија стануваат членки на воениот блок предводен од САД.

„Западните земји треба да се воздржат од поставување воени капацитети на територијата на поранешните држави на СССР што не се членки на алијансата, вклучително и користење на нивната инфраструктура за спроведување каква било воена активност. Неопходно е воените капацитети на НАТО, вклучително и офанзивните (капацитети) и инфраструктурата на НАТО да се вратат на состојбата од 1997 година, кога беше усвоен Основачкиот акт НАТО-Русија“, заклучи Лавров.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе