Го одби американското барање за преговори со милитантите

Лавров: Москва и Анкара планираат серија разговори за Идлиб

Русија и Турција планираат нова серија консултации за ситуацијата во сириската провинција Идлиб, најави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Во подготовка е уште една серија консултации и се надеваме дека ќе постигнеме договор за тоа на кој начин навистина може да се постигне да стане зона на деескалација, каде нема да владеат терористите“, кажа Лавров.

Според него, турската војска во Идлиб разбора дека во зоната на деескалација се води борба против терористите.

„Никој никогаш не се согласил во рамки на постигнатите договори меѓу претседателите на Русија и Турција дека нема да бидат вршени контранапади против терористите доколку се обидат да се однесуваат на начинот на кој сега се однесуваат“, истакна Лавров.

Тој истакна дека е уверен дека „турската војска на теренот го гледа и разбира тоа многу добро“.

„Терористите повеќе пати ги напаѓаа нашите позиции и позициите на сириските сили, како и сириските цивилни објекти од областа во која се наоѓаат турските набљудувачки пунктови“, напомена Лавров.

Шефот на руската дипломатија истакна и дека Москва ќе се спротивстави на секој обид терористите во Идлиб да се претстават во друго светло, истакнувајќи дека преговори со нив, како што сугерираа Вашингтон, не доаѓаат предвид.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред два дена изјави дека се надева дека на 5 март ќе се сретне со лидерите на Русија, Германија и Франција, Владимир Путин, Ангела Меркел и Емануел Макрон, за да разговараат за ситуацијата во сириската покраина Идлиб.

Ердоган додаде дека состанок на четворицата лидери во март би можел да биде организиран во Истанбул.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе