МОСКВА-ВАШИНГТОН

Лавров: Кражба на САД среде бел ден

Американските обиди да се постават предуслови за враќање на рускиот дипломатски имот, одземен во Њујорк и Мериленд, е кражба среде бел ден, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Поранешниот американски претседател Барак Обама нареди одземање на руски дипломатски имот и протерување на 35 руски дипломати во декември минатата година со образложение дека се мешале во претседателската кампања, што Русија го демантира.

Според Лавров, антируските чувства на САД не значат дека Русија и САД не можат да се согласат околу глобалните проблеми.

Американските обиди да се постават предуслови за враќање на рускиот дипломатски имот, одземен во Њујорк и Мериленд, е кражба среде бел ден, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

За спорот околу рускиот дипломатски имот во САД, ќе се сретнат рускиот заменик министер за надворешни работи и американскиот државен подсекретар

Русија се надева дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе покаже политичка мудрост и волја за решавање на проблемот со запленетиот руски дипломатски имот во САД, изјави денеска потпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Ваквата изјава на Песков доаѓа во пресрет на денешната средба на рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков со американскиот државен подсекретар Томас Шенон, посветена на спорот околу имотот.

Како што јави ТАСС, Песков на денешната прес-конференција ја повтори руската позиција дека дипломатскиот имот треба да ѝ биде вратен на Русија без никакви предуслови, бидејќи постапката на Вашингтон „де факто и де јуре претставува апсолутно прекршување на меѓународното право“.

Претходно, Белата куќа соопшти дека американската администрација би можела да го разгледа прашањето за деблокирање на рускиот дипломатски имот во САД доколку Москва „покаже чесни намери кон Сирија“.

Руски официјални претставници претходните денови изјавија дека во Москва се активни голем број американски шпиони кои се кријат зад дипломатскиот имунитет, па не е исклучено Русија да протера некој од нив.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова минатата недела изјави дека освен протерувањето на дел од службениците во американската амбасада во Москва, Русија би можела да одземе и една вила и едно складиште во сопственост на САД, како реципрочна мерка на претходно преземените активности од страна на Вашингтон.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе