Лавров: „Косово го нарушува угледот на Европската Унија“

Неспособноста на Европската Унија да го присили самопрогласеното Косово да ги исполни своите обврски, ја доведува во прашање целата репутација на Брисел, вели Сергеј Лавров.

Според него, таквите активности „ја продлабочуваат дестабилизацијата на европската безбедносна структура, доведуваат до зголемување на тензиите и нови линии на поделба“, рече Лавров во интервју за грчкиот весник Ефимерида тон синтактон.

„Косово и понатаму останува епицентар на нестабилноста (на Балканот). Приштина не само што отворено го саботира спроведувањето на договорот со Белград постигнат со посредство на ЕУ, туку презема и нови провокативни мерки“, рече Лавров.

Рускиот министер истакна и дека повеќе од пет години ништо не се случува, кога станува збор за создавање Заедница на српски општини (ЗСО), а наместо тоа Приштина воведува даноци на производи од централна Србија и Босна и Херцеговина, како и намерава да формира војска која ќе биде насочена токму против Србите кои живеат на северот на Косово.

„Овие мерки (даноци) се насочени токму кон создавање на невозможни услови за преживување на косовските Срби“, оцени Лавров.

Тој додаде и дека српското раководство спроведува исклучително одговорна политика, бидејќи вети дека нема да воведе реципрочни мерки.

Зајакнувањето на присуството на НАТО и Европската унија на Балканот доведува до продлабочување на дестабилизацијата на Европа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Лавров истакна дека Москва е загрижена поради таквите стремежи.

„Ситуацијата на Балканот создава загриженост. Гледаме дека НАТО и Европската Унија ги засилуваат напорите да го зголемат своето присуство во регионот. Тие земјите во регионот ги ставаат пред лажен избор: Дали сакаат да бидат со Москва или со Вашингтон и Брисел“, рече Лавров за грчкиот весник Ефимида тон Синтактон.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе