Лавров: И Хрватска сноси дел од одговорноста за Дејтонскиот договор

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, со посета на Атина ја почна турнејата по Балканот.

EPA-EFE

Тој изјави дека Русија е уверена дека Дејтонскиот договор ја задржал актуелноста, а неговите основни принципи овозможуваат одржување на мирот, стабилноста и безбедноста, како и развојот.

Лавров, кој во рамки на турнејата по регионот ќе ги посети Босна и Херцеговина и Србија, додека посетата на Хрватска е откажана, истакна дека Хрватска како држава, како потписничка на Дејтонскиот договор, го има својот дел од одговорноста за неговото спроведување, иако „не е многу заинтересирана за реализација на неговите основните начела“.

Додаде дека Русија е спремна да пружи секаков вид поддршка во врска со тоа прашање.

„Начелата на суверенитетот, независноста и територијалната целовитост на БиХ, еднаквите права на трите конститутивни народи и двата ентитети со широки уставни овластувања овозможуваат одржување на мирот, стабилноста и безбедноста, како и на развојот“, истакна Лавров за Вечерњи лист.

Тој изрази уверување дека и Русија и Хрватска се заинтересирани за јакнење на меѓународниот мир, безбедноста и стабилноста, за одржливиот развој и политичко и дипломатско решение на многубројните кризи и конфликти.

„Регионот на југоисточна Европа останува природно, историско опкружување за руско-хрватската соработка, каде заедничките напори треба да ги поддржат процесите кои подразбираат продлабочување на меѓусебното разбирање меѓу регионалните лидери и изградба на систем на вистинско помирување меѓу нациите, помирување засновано на здравиот разум и постоечките меѓународни договори“, кажа Лавров.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе