Лавров: Хрватите во БиХ се дискриминирани, да се почитува Дејтон

Русија гледа очигледна дискриминација на Хрватите во Босна и Херцеговина и инсистира на почитувањето на Дејтонскиот договор и спроведување изборна реформа, кажа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

EPA-EFE

„Ја гледаме и ние очигледната дискриминација на босанскохерцеговските Хрвати, за што зборуваше хрватскиот министер“, кажа Лавров во Москва на конференција за медиумите по билатералната средба со министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман.

Лавров ја истакна потребата да се спроведе изборна реформа за таа дискриминација за заврши, во согласност со Дејтонскиот договор.

„Можам да потврдам дека ние, како и хрватските колеги, го застапуваме строгото почитување на Дејтонскиот договор“, кажа Лавров, а пренесува Хина.

Шефот на руската дипломатија наведе дека денес постојат планови БиХ како држава со два ентитети и три конститутивни народи да е претвори во унитарна држава, со што „се демонизира и Република Српска“.

Лавров американскиот пристап кон Западниот Балкан го смета за живописен, имајќи предвид дека Вашингтон именуваше специјален претставник за изборната реформа, а истовремено повикува на немешање во внатрешните прашања на други земји.

Рускиот министер истакна дека сите прашања, вклучувајќи ја изборната реформа, треба да се решаваат во БиХ.

Грлиќ Радман, заблагодарувајќи му се на Лавров на размената на мислења за нужноста за почитување на Дејтонскиот договор, кажа дека „Русија е традиционално добро упатена во Западниот Балкан“.

Тој кажа дека Лавров во разговорот се согласил со потребата за легитимна политичка застапеност на Хрватите во „колективните тела, Претседателството и Домот на народите“ во БиХ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе