Лавров: Храната не поскапе поради специјалната операција, туку затоа што Западот складираше храна за време на пандемијата

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров при посетата на Африка зборуваше за глобалното поскапување на храната, за што ги обвини САД и Европската Унија.

Фото: ЕПА

Во разговор со африкански дипломати во Адис Абеба, главниот град на Етиопија, Лавров прехранбената криза ја нарече „таканаречена“. Тој ја даде изјавата по посетата на неколку африкански земји кои се најпогодени од недостиг на храна.

Многу африкански земји се зависни од увозот на жито од Русија и Украина. Поради тоа повеќе африкански лидери ја посетија Москва пред неколку недели и изразија загриженост поради недостигот.

Имено, од почетокот на рускиот напад на Украина, црноморските пристаништа на таа земја се блокирани, што го оневозможи извозот на жито. Лавров минатата недела рече дека неодамна потпишаниот договор за запирање на блокадата за да се овозможи безбеден извоз на тони блокирана пченица од Украина „можеше да биде потпишан одамна, одамна, да не беше западната тврдоглавост“.

Тој ги обвини САД и ЕУ дека се виновни за поскапувањето на храната поради „бесмислените“ зелени политики и трупањето резерви на храна за време на пандемијата на ковид-19.

„Ситуацијата во Украина негативно се одрази на пазарите на храна, но не поради руската специјална операција, туку поради неадекватната реакција на Западот, кој воведе санкции кон Русија“.

Западните земји постојано истакнуваат дека храната е изземена од сите санкции против Русија и ја обвинија Москва дека е виновна за глобалната прехранбена криза.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе