Лавров: Голема грешка е да се мисли дека Русија ќе игра по западните правила

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека идеите дека Русија и Кина ќе играат во согласност со западните правила, под какви било околности, се длабоко погрешни.

Фото: ЕПА

Во интервјуто за меѓународниот канал на руски јазик РТВИ, со седиште во Њујорк, Сергеј Лавров рече дека читал руски политиколози што се познати на Западот и посочи дека сè поизразена е идејата дека е време Русија да престане да ја применува западната „метрика“ на своите акции и да се обидува по секоја цена да му угоди на Западот.

„Тие се многу угледни луѓе и тоа е прилично сериозна изјава. Јасно ми е дека Западот свесно или несвесно нè турка кон оваа анализа. Најверојатно тоа го прави неволно. Сепак, голема е грешката да се мисли дека Русија во кој било случај ќе игра според западните правила, како и да се размислува на тој начин во врска со Кина“, рече Лавров, како што пренесува Тас.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе