Лавров го предупреди Западот

Украина го отежнува извозот на жито бидејќи не ги отстранува мините од нејзините пристаништа на Црно Море, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, обвинувајќи го Киев за „милитаристичка реторика“.

Фото: ЕПА

Лавров вели дека Украина треба да ги деблокира пристаништата и дека тоа е „многу едноставно“. „Веќе повеќе од еден месец руската армија прогласува дневни коридори за безбеден премин што може да ги користи секој брод без предуслови, пречки или опасност за себе“, рече Лавров.

Украина рече дека ѝ се потребни „ефективни безбедносни гаранции“ пред да почне со испораките, изразувајќи загриженост дека Москва може да ги искористи сите потенцијални коридори за напад од море.

Лавров, исто така, рече дека се надева оти Украина повеќе нема да бара од Западот уште оружје. „Требаше одамна да престанат со ваквата реторика и паника во медиумите“, вели тој.

Тој, исто така, го предупреди Западот дека „треба да се разбере дека попуштањето пред военото расположение на Киев нема да доведе до ништо добро“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе