Лавров гневен на самитот на Г20: „Нѐ нарекувате агресори, окупатори, освојувачи...“

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров остро ги критикуваше изјавите на неговите западни колеги на самитот на Г-20 во Индонезија и ги обвини дека „ја оттргнуваат темата од дискусијата за глобалната економија“ и ги нарекуваат Русите „агресори, окупатори и освојувачи“.

Фото: ЕПА

Индонезија, земјата-домаќин на самитот, ја повика групата да помогне да ѝ се стави крај на војната во Украина на состанокот на кој се собраа некои од најголемите критичари на руската инвазија и рускиот министер за надворешни работи во иста просторија.

„Во текот на дискусијата западните партнери ја избегнуваа задачата на групата Г20, а тоа е глобалната економија. Разговорот веднаш скршна од темата штом почнаа да зборуваат западните дипломати, до луди критики на Руската Федерација поврзани со ситуацијата во Украина“, рече Лавров.

„Агресори, окупатори, освојувачи... многу работи слушнавме денеска“, рече незадоволниот Лавров.

На Лавров му викаа „кога ќе ја прекинете војната?“

Лавров рече дека ако Западот сака Украина да ја победи Русија, тогаш Русија нема што да разговара со Западот, за кој рече дека го спречува Киев да постигне мировен договор.

Извици како „Кога ќе ја запрете војната?“ и „Зошто не ја запрете војната?“ се слушаа додека Лавров се ракуваше со својата индонезиска колешка Ретна Марсуди на почетокот на средбата.

Руската државна телевизија објави дека обидот за бојкот на Русија на состанокот на Г-20 спектакуларно пропаднал и ја навредил Индонезија. Лавров додаде дека Русија е подготвена да преговара со Украина и Турција за житото, но дека не е јасно кога би можеле да се случат такви преговори.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе