Лавров ги повика државите кои граничат со Авганистан да не примаат војници на НАТО

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повика државите околу Авганистан да не примаат американски или војници на НАТО по нивното повлекување од азиската земја.

EPA-EFE

Кремљ е загрижен дека исламистите по повлекувањето на сојузничките сили ќе најдат упориште во Авганистан и ќе се прошират во стратегиски важниот регион за Русија во централна Азија. Москва не сака и во тој регион, некогашниот дел од Советскиот Сојуз, да зајакне присуството на Западот.

„Ги повикуваме земјите околу Авганистан да не дозволат воено присуство на американските и силите на НАТО кои планираат да се преселат таму по напуштањето на Авганистан“, кажа Лавров.

Шефот на руската дипломатија ова го кажа во говорот преку видеолинк на конференцијата за Авганистан која се одржа во Техеран, а на која присуствуваа Кина, Иран, Пакистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.

Лавров истакна дека е важно да се контролираат миграциите од Авганистан и дека криминалните и терористичките елементи веќе се обидуваат да влезат во соседните држави под маската на бегалците.

Москва поранешниот советски регион го смета за одбранбена тампон-зона, но рускиот претседател Владимир Путин во јуни му понуди на Вашингтон да ги користи руските воени бази во централна Азија, пишува Комерсант.

Русија својата најголема странска воена база ја има во Таџикистан кој со Авганистан има долга граница. Откако Талибанците ја презедоа власта во Кабул, Русите го зголемија своето воено присуство во таа база.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе