Лавров: Франција не покани официјална руска делегација во Нормандија

Повикот на Франција за комеморација на инвазијата во Нормандија првично не содржел покана за официјална делегација од Москва да присуствува на настанот.

„Темата на повикот ни по форма ни по содржина не беше доаѓање на официјална делегација од Москва“, им рече вчера на новинарите министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Руското министерство за надворешни работи претходно соопшти дека Русија на комеморацијата во Нормандија ќе ја претставува дипломат од руската амбасада во Париз.

Руските власти вчера повикаа да не „се преувеличува“ значењето на инвазијата на сојузничките сили во Нормандија на 6 јуни 1944 година и да не се намалува улогата на Советскиот Сојуз во поразот на нацистичките сили на Адолф Хитлер.

„Придонесот на сојузниците во победата над Третиот Рајх е јасен. Но тоа не треба да се преувеличува и на тој начин да не се намалува значењето на титанските напори на Советскиот Сојуз, без кој победа едноставно ќе немаше“, рече портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова.

Според неа, инвазијата на сојузничките сили во Нормандија немала решавачко влијание врз исходот на Втората светска војна, кој веќе бил „предодреден“ со победата на Црвената армија, пред сè во битките за Сталинград и Курск.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе