Лавров: Европската Унија и НАТО собираат коалиција за војна со Русија

Европската Унија и НАТО собираат коалиција за војна со Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров коментирајќи ја одлуката Украина и Молдавија да добијат статус на кандидати за ЕУ.

EPA-EFE

Зборувајќи на прес-конференција во Баку по состанокот со својот азербејџански колега, Лавров кажа дека ситуацијата личи на состојбата пред Втората светска војна „кога Хитлер ги обедини повеќе европски земји за војна против Советскиот Сојуз“, пренесува Анадолу.

„Кога почна Втората светска војна, Хитлер ги собра повеќето европски земји под своите барјаци. Сега ЕУ и НАТО собираат иста модерна коалиција за војна, и главно за војна со Руската Федерација. Сето тоа внимателно го разгледуваме“, кажа Лавров.

Најави втора билатерална средба за разграничување меѓу Ерменија и Азербејџан, која ќе се одржи во Москва. Истакна дека двете страни потврдиле спремност за работа на тоа прашање, сметајќи го за многу значајно за сегашната фаза од договарањето.

Лавров ја повтори спремноста на Русија да придонесе на потпишување мировен договор меѓу Баку и Ереван и ја поддржа идејата за соработка во формат 3+3 на Јужен Кавказ, кој ги вклучува Ерменија, Азербејџан и Грузија и нивните три соседи – Русија, Турција и Иран.

На прашањето за давањето кандидатски статус на Украина и Молдавија за членство во ЕУ, Лавров повтори дека, за разлика од НАТО, ЕУ не е воена организација и затоа членството во таа структура не претставува закана за Русија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе