Зборувајќи на прес-конференција во Баку по состанокот со својот азербејџански колега, Лавров кажа дека ситуацијата личи на состојбата пред Втората светска војна „кога Хитлер ги обедини повеќе европски земји за војна против Советскиот Сојуз“, пренесува Анадолу.
„Кога почна Втората светска војна, Хитлер ги собра повеќето европски земји под своите барјаци. Сега ЕУ и НАТО собираат иста модерна коалиција за војна, и главно за војна со Руската Федерација. Сето тоа внимателно го разгледуваме“, кажа Лавров.
Најави втора билатерална средба за разграничување меѓу Ерменија и Азербејџан, која ќе се одржи во Москва. Истакна дека двете страни потврдиле спремност за работа на тоа прашање, сметајќи го за многу значајно за сегашната фаза од договарањето.
Лавров ја повтори спремноста на Русија да придонесе на потпишување мировен договор меѓу Баку и Ереван и ја поддржа идејата за соработка во формат 3+3 на Јужен Кавказ, кој ги вклучува Ерменија, Азербејџан и Грузија и нивните три соседи – Русија, Турција и Иран.
На прашањето за давањето кандидатски статус на Украина и Молдавија за членство во ЕУ, Лавров повтори дека, за разлика од НАТО, ЕУ не е воена организација и затоа членството во таа структура не претставува закана за Русија.