Лавров е во Египет, рече дека ветеното жито сигурно ќе дојде

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој е во посета на Египет, се обиде да ги смири египетските партнери по договорот за „безбедни рути" за извозот на украинско и руско жито кој треба да ја отстрани заканата за прехранбена несигурност во Африка.

Фото: ЕПА

„Ја потврдивме посветеноста на руските извозници на жито да ги почитуваат сите нивни обврски", рече Сергеј Лавров на прес-конференција по разговорите со египетскиот колега Самех Шукри.

„И претседателот Владимир Путин го истакна тоа во неодамнешниот телефонски разговор со египетскиот претседател (Абдел Фатах) Ал-Сиси“, додаде Лавров, кој следната недела ќе ги посети Уганда, Етиопија и Конго.

Договорот потпишан во петокот во Истанбул од страна на Русија и Украина под покровителство на ОН предвидува воспоставување „безбедни коридори“ за пловидба на трговските бродови во Црното Море, а Москва и Киев се обврзуваат да не ги напаѓаат.

Договорот ќе овозможи извоз на 20 до 25 милиони тони жито блокирано во Украина и ќе го олесни извозот на руски земјоделски производи, со што ќе се намали опасноста од светска прехранбена криза, особено во Африка.

Русија доби гаранција дека западните санкции нема директно или индиректно да се применуваат на нејзиниот извоз на ѓубриво и прехранбени производи. „Генералниот секретар на (ОН) ја презеде должноста да ги укине тие незаконски ограничувања што САД и ЕУ ги воведоа против (руските) логистички и финансиски мрежи“, повтори Лавров во неделата во Каиро.

Истовремено, тој истакна дека Москва и Каиро се „заемно задоволни“ од своите односи и ја спомена изградбата на првата нуклеарна централа во Египет која е во тек, а ѝ е доверена на Москва.

Исполнувањето на договорот стана сомнително затоа што еден ден откако беше потпишан од претставници на ОН и Турција како посредници, како и Русија и Украина, руската армија истрела ракети врз црноморското пристаниште во Одеса. Ракетниот напад го осудија Киев и Западот, а Москва тврди дека гаѓала украински воен брод со оружје испратено од САД.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе