На крајот на април

Лавров доаѓа во Загреб, „Русија е партнер со кој треба да се разговара“

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе пристигне во Загреб на крајот на април, а Хрватска во Русија гледа партнер со кој треба да се разговара, изјави хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман.

Грлиќ Радман со Лавров се состанал во Минхен на маргините на конференцијата за безбедност.

Тој подоцна им рече на новинарите дека подготвувале состанок во Загреб и дека сакале да видат што очекуваат двете страни од таа средба.

„Во наш интерес е да видиме како размислува Русија. Ние се грижиме за партнерските односи“, рече шефот на дипломатијата на земјата што во моментов претседава со ЕУ.

Грлиќ Радман се сретнал и со словенечкиот колега Миро Церар, но рече дека немале време да разговараат за граничниот спор меѓу двете држави, кој трае уште од времето на распадот на поранешна Југославија, пренесува агенцијата Хина.

Според Радман, тие разговарале за проширувањето на ЕУ и за претседавањето на Хрватска во ЕУ.

Словенија инсистира на примена на одлука за меѓународна арбитража што Хрватска не ја признава и наместо тоа нуди билатерални преговори за границата.

На крајот на јануари Европскиот суд на правдата во Луксембург се изјасни дека не е надлежен за словенечката тужба против Хрватска за наводно прекршување на европското право предизвикано од неспроведувањето на арбитражната одлука.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе