Лавров до Западот: Не мешајте се во политиката на Белорусија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој е во посета на Минск, го критикуваше денес мешањето на западните земји во внатрешните прашања на Белорусија каде од август траат протестите против претседателот Александар Лукашенко.

EPA-EFE

„Констатиравме бројни дејства на грубо мешање на САД и одделни европски земји во внатрешните прашања“ на Белорусија, кажа Лавров на конференцијата за медиуми по средбата со белорускиот колега Владимир Макеј.

Лавров кажа дека „мудриот белоруски народ е способен сам да сфати (што треба да прави), а дека не му треба суфлирање однадвор и инсистирање на предлогот за посредување кој не го ни побарал“, кажа тој.

Рускиот министер особено ги осуди обидите на Западот „да манипулираат со јавното мислење“, со тоа што отворено „ги поддржува антивладините сили и придонесува на нивната радикализација во Белорусија“.

Лавров, кој вчера се сретна со Лукашенко, изрази надеж дека ситуацијата во Белорусија наскоро ќе се врати во нормала благодарение на иницијативата на претседателот за спроведување уставни реформи и модернизација на политичкиот систем.

66-годишниот Лукашенко кој е на власт од 1994 година, одбива да поднесе оставка и, без да наведе детали, понуди уставна реформа со откажување од дел од претседателските овластувања, во обид да ја смири ситуацијата во земјата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе