Лавров: Америка го поткопува православието во светот

САД стојат зад целта на неканонската Православна црква на Украина да конфискува имот од Московската патријаршија, а слично сценарио за создавање независни цркви постои и во Белорусија и Црна Гора, изјави вчера рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Фото: ЕПА

Според него, главната цел на неканонската Православна црква на Украина е конфискација на имотот на Московската патријаршија, а зад тоа стои Америка.

„Колку се сериозни изјавите дека Американците ѝ се посветени на целта да го поткопаат православието во светот? Ние тоа го знаеме, а тие не го кријат“, рече Лавров на 25-от форум за современо новинарство „Сета Русија 2021“, пренесе агенцијата РИА Новости.

Тој потсети дека за време на мандатот на Доналд Трамп, американскиот претседател имаше специјален пратеник за слобода на вероисповедта, кој активно работел на тоа цариградскиот патријарх Вартоломеј да им додели томос (црковен чин на признавање) на расколниците во Украина – со што е формирана неканонската Православна црква во Украина.

„Сега главната грижа е да земеме имот, цркви и парохии од канонската УПЦ - Московската патријаршија“, истакна Лавров.

Според него, цариградскиот патријарх Вартоломеј е директно зависен од Соединетите Држави. Лавров посочи дека слично сценарио за создавање независни цркви постои во Белорусија и Црна Гора.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе