Лава голта куќи на Канарските острови, илјадници евакуирани. Министерка: Прекрасна претстава (ВИДЕО)

„Канарските острови се безбедни и може да се посетат“, а ерупцијата на вулканот е „прекрасна претстава", рече во понеделникот шпанската министерка за туризам Марија Рејес Марото, неколку часа откако пет илјади луѓе беа евакуирани поради ерупцијата на вулканот.

Screenshot

Вулканот на Ла Палма, остров на северозападниот архипелаг, еруптираше во неделата, исфрлајќи лава неколку стотици метри во воздух и испраќајќи ја кон Атлантскиот Океан.

Тоа е прва вулканска ерупција по 50 години на тој остров сместен западно од Африка.

„Островот е отворен“, рече Марото за радиото Канал Сур, нарекувајќи ја ерупцијата „прекрасна претстава“.

„Нема ограничувања за патување на островот. Всушност, споделуваме информации со туристите за да знаат дека можат да уживаат во нешто необично, да го видат со свои очи“.

Нејзините изјави веднаш наидоа на критики од Теодор Гарсија Егеј, секретар на опозициската Народна партија, кој на Твитер ја објави изјавата на министерката и праша: „Дали некој може да ѝ каже на министерката дека во исто време стотици луѓе губат сè што имаат?

Околу 360 туристи биле евакуирани во понеделникот од одморалиште во Ла Палма и однесени на блискиот остров Тенерифе, изјави портпаролот на бродската компанија Фред Олсен.

Уште 180 туристи може да бидат евакуирани подоцна во текот на денот, додаде тој.

Регионалниот лидер Виктор Торес рече дека лавата од вулканот ќе стигне до морето во 20 часот по локално време, додавајќи дека вулканот ќе биде активен уште неколку дена. Досега се евакуирани илјадници луѓе, а лавата буквално проголта повеќе куќи.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе