Ги пресретнала полицијата

Лама и осум камили шетале по улиците на Мадрид по бегство од циркус (ВИДЕО)

Шпанската полиција пресретна осум камили и една лама како талкаат по улиците на Мадрид по бегство од циркус, јавуваат шпанските медиуми.

Скриншот Јутјуб

Полицијата, која на Твитер објави фотографии од животните, наведе дека ги пресретнала камилите и ламата вчера како безгрижно шетаат по улиците на југот на Мадрид.

Животните се безбедно вратени во циркусот Квирос, чиј претставник кажа дека се сомневаат дека камилите и ламата се намерно пуштени и ги обвини организациите за заштита на животните.

Циркусот поднесе жалба и во тек е истрага.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе