„Ништо не е завршено додека сè не е завршено“

Лајчак оцени дека размена на територии на Србија и Косово „би била многу опасна“

Размената на територии меѓу Србија и Косово „би била многу опасна“, изјави претставникот на ЕУ Мирослав Лајчак за францускиот весник Монд.

EPA-EFE

Тој наведе дека дијалогот сопрел поради изборите на Косово, но и дека Европската Унија е задоволна што е вратено клучно важното единство со САД во политиката кон Западниот Балкан.

„Ништо не е завршено додека сè не е завршено“, кажа Лајчак во врска со целта во дијалогот да се постигне сеопфатен договор на Белград и Приштина, но истакна дека луѓето во владата на американскиот претседател Џо Бајден задолжени за Балканот „ја чувствуваат историската одговорност поради политичката и човечката ангажираност на својата земја во тој регион“.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот кажа дека ЕУ претходно соработувала со новиот американски државен секретар Ентони Блинкен и заменик секретарката за политички прашања Викторија Нуланд.

„Со нив работевме во минатото и ги знаеме нивните мислења. Американско-европското единство е клучен фактор за успех на Балканот“, кажа Лајчак.

На прашањето што може Србија да очекува кога ќе заврши нормализацијата на односите со Приштина, Лајчка возврати дека „и Србија и Косово знаат дека предусловот е нормализацијата, но ЕУ јасно вети интеграција ако се исполнат условите и спроведат нужните реформи“.

Лајчак додаде дека ЕУ останува на политиката на проширување „но не треба да се верува дека тоа ќе дојде автоматски, земјите на Западниот Балкан мораат со реформи во тоа да ги убедат членките на Унијата“.

Тој наведе дека ЕУ го обновила дијалогот Белград-Приштина „не за да се почне со технички преговори, туку за да се постигне сеопфатен и обврзувачки договор“.

Замолен да го објасни противењето на размената на територии меѓу Србија и Косово, Лајчак одговори дека против тоа биле земјите од регионот „бидејќи стравуваат дека тоа може да предизвика настани надвор од секоја контрола“.

Покрај тоа, Европската Унија, според него, многу вложила во политиката на „европеизација и вклучување на Балканот во европското семејство, а тоа подразбира изградба на мултиетнички демократски општества“ и „повторното цртање на границите е спротивно на тој идеал и би значело дека сме доживеале неуспех“, укажа Лајчак.

На прашањето како гледа на сè поголемото влијание на Кина на Балканот, кажа дека ЕУ е најголемиот трговски партнер, најголемиот инвеститор на Западниот Балкан и таму дава најголема помош.

„Земјите од тој регион своите системи ги усогласуваат со европските стандарди и сè додека европската перспектива на тоа подрачје е силна, јасна и опиплива, не треба да се возбудуваме... Не може да понуди повеќе од нас“, заклучи за Кина Лајчак.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе