Лајчак: Независноста на Црна Гора е сериозно и емотивно прашање

Независноста на Црна Гора е многу сериозно и емотивно прашање и не изненадува тоа што луѓето различно гледаат на него, оцени поранешниот шеф на словачката дипломатија и претставникот на Европската Унија за организирање на референдумот за независност на Црна Гора Мирослав Лајчак.

EPA-EFE

На прашањето на подгорички Вијести зошто и понатаму траат расправите на тема самостојноста на Црна Гора, иако од референдумот поминаа 15 години, односно зошто не се надминати националните поделби и „стравот од политиката на Белград“, тој кажа дека изградбата на нацијата е посебен, подеднакво чувствителен процес кој трае со децении.

„Независноста на Црна Гора е многу сериозно и емотивно прашање. Затоа не изненадува тоа што луѓето различно гледаат на него. Црна Гора може да биде многу горда што ова прашање е решено на најцивилизираниот можен, европски начин, што го потврдува и фактот што самиот процес никогаш не е доведен во прашање“, кажа Лајчак.

Тој додаде дека неговиот став е дека Црна Гора ги презела вистинските чекори на патот кон независноста.

„Ова важи особено за првата деценија на независноста, бидејќи успешно напредуваше во евроатлантските интеграции. Постигнувањето на сето ова за релативно кратко време треба на црногорските граѓани да им даде чувство на гордост и исполнетост“, додаде Лајчак, кој сега е претставник на ЕУ за дијалогот на Белград и Приштина и други регионални прашања на Западниот Балкан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе