Претставниците на ЕУ и САД

Лајчак и Ескобар во Приштина, се сретнаа со Курти и Османи

Специјалните претставници на Европската Унија и Соединетите Американски Држави Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар престојуваат во дипломатска мисија на Косово.

EPA-EFE

Освен состанокот со косовската претседателка Вјоса Османи и премиерот Аљбин Курти, ќе се сретнат и со претставници на опозицијата и политичките претставници на Србите.

Како што јавува Јуроњуз, Ескобар и Лајчак утринава ненајавено се сретнале со Курти и Османи. Ескобар уште вчера разговараше со Османи, а таа средба траела околу два часа и на неа присуствувал и американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер. По завршувањето, Ескобар не даде изјава за медиумите.

Косовската претседателка Османи вчера порача дека Косово ќе продолжи да биде конструктивна и посветена страна во дијалогот со Белград, „придонесувајќи на мирот и стабилноста во земјата и регионот“.

„Нашите институции се во постојана комуникација и координација со нашите меѓународни партнери и секоја наша одлука го одразува уставниот дух на нашата земја и нашите демократски вредности“, наведе Османи на Фејсбук.

Посетата на Ескобар и Лајчак доаѓа само неколку дена по неуспешните разговори на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Курти во Брисел и непосредно пред почетокот на примената на мерката за регистарските таблички на возилата и граничните декларации најавена за 1 септември.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе