„Што побрзо да продолжи дијалогот“

Лајчак: ЕУ сака конечен договор меѓу Белград и Приштина

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот на Косово и Србија, Мирослав Лајчак, кажа по вчерашната средба со претседателот на Косово Хашим Тачи дека ЕУ е посветена на тоа што побрзо да продолжи дијалогот на Приштина и Белград.

EPA-EFE

Лајчак на конференција за новинарите кажа дека ЕУ сака да се постигне конечен договор меѓу Белград и Приштина. По состанокот со премиерот на Косово Авдулах Хоти тој кажа дека патот на Косово кон ЕУ оди низ подобрување на односите со Србија.

„Мојот мандат е многу јасен, да помогнам во постигнувањето правно обврзувачки договор на Косово и Србија кој ќе ги нормализира односите и ќе ги реши сите проблеми и кој ќе биде прифатлив за сите земји во регионот и државите членки на ЕУ. Важно е и тоа овој процес, кој почна во 2011 година со посредување на ЕУ, да заврши со договор кој ги нормализира односите на двете држави“, кажа Лајчак.

Тој додаде дека ќе ја продолжи соработката со САД во дијалогот на Приштина и Белград.

„Секогаш сме биле блиски со Соединетите Држави и сѐ што досега е постигнато е постигнато само благодарение на таа соработка. Така и ќе продолжи“, кажа претставникот на ЕУ.

Кажа дека не знае дали ќе биде во Вашингтон на 27 јуни, но она што знае е дека ЕУ и САД тесно соработуваат и дека очекуваат резултати во дијалогот Приштина-Белград.

Тој најави и дека ќе го посети и Белград, каде што ќе се сретне со политичките лидери за да разговараат за продолжувањето на дијалогот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе