Лаборантка од ковид-амбуланта во Белград скокна од трети кат

31-годишна лаборантка скокна од третиот кат на Ортопедија Бањица, односно во ковид-амбуланта, вчера околу 1 часот попладне.

Според српските медиуми, таа најверојатно е вработена како лаборантка во оваа институција.

Брзата помош потврди дека нивниот тим излегол на интервенција, дека повредената е пренесена во Ургентниот центар и дека нејзиниот живот не е загрозен.

„Можам само да кажам дека имаше инцидент и не би коментирал ништо понатаму. Тажно е, затоа што ова е млада личност и молам за приватност во врска со овој случај. Нема смисла…“, рече за Нова.рс д-р Зоран Башаревиќ, директор на Ортопедија Бањица.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе