Поранешниот претседател на Полска

Квашњевски: Бајден ја кажа вистината – Американците можат да ја добијат секоја војна, но не и мирот

Поранешниот претседател на Полска, кој земјата во 1999 ја внесе во НАТО, Александар Квашњевски, изјави дека американскиот претседател Џо Бајден ја кажал едноставната вистина за Авганистан и дека САД мора да извлечат поука, бидејќи се покажува дека воено се во состојба да победат во секоја војна, но не умеат да победат во мир.

EPA-EFE

„Бајден го призна поразот во најдолгата војна која ја воделе САД. Кажа драматични, но вистинити зборови. Тешко е да се очекува дека војната ќе ја водат Американците или сојузниците на САД а не Авганистанците чија обврска е да се грижат за својата земја или да бараат политички решенија“, кажа денес Квашњевски за Виртуелна Полска.

Тој кажа дека Американците мора добро да размислат и да извлечат поуки од тоа што се случи во Авганистан бидејќи се покажа дека одредениот модел на однесување повеќе не е ефикасен.

„Имајќи ја предвид воената сила на САД, тие се во состојба да ја добијат секоја војна, но не умеат да го добијат мирот. Моделот на западната демократија проживува криза. Ако ние во Полска имаме проблеми со правната држава, што тогаш да кажеме за Авганистан“, кажа Квашњевски.

Дека мисијата во Авганистан мора темелно да се анализира и од страна на НАТО оцени и поранешниот шеф на воениот комитет на воениот пакт од 2015 до 2018, чешкиот генерал Петр Павел.

„НАТО би требало многу детално да го анализира развојот и да извлече поука од грешките кои се случија. Грешката ја гледам во тоа што мултинационалната коалиција ги постави критериумите за успешноста на мисијата и условите за повлекување, но на крајот се откажа целосно од нив а каква било анализа на ситуацијата во земјата ја замени еден критериум – симболичниот датум на заминување“, кажа Павел.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе