Квалитетот на воздухот во Италија е значително подобар, експертите тврдат дека причина е вирусот (ВИДЕО)

Квалитетот на воздухот во Италија е значително поправен поради ширењето на коронавирусот.

Според снимките што ги објави Европската вселенска агенција (ЕСА), може да се заклучи дека до намалувањето на количеството на азот диоксидот дошло токму поради колективниот карантин во Италија.

„И покрај тоа што на снимката може да влијаат облаците и временските промени, сигурни сме дека моменталната ситуација во Италија влијаела врз намалувањето на сообраќајната и на индустриската активност“, јави ЕСА.

Истото се случи во почетокот на месецот и во Кина.

Научниците и претходно тврдеа дека коронавирусот за најмалку четвртина ги намалил кинеските емисии на гасови со ефект на стаклена градина за само две недели во февруари.

До 23 февруари кинеските власти го сопреа сообраќајот кон и од Вухан и затворија голем број погони за да го намалат ширењето на заразата. Тоа доведе до значително намалување на согорувањето фосилни горива кои најмногу ја предизвикуваат климатската криза, а Кина е најголемиот произведувач на штетни гасови во светот.

Италија е најсилно погодена од заразата во Европа, со над 15.000 потврдени случаи и повеќе од 1.200 мртви, а владата ги спроведува најстрогите контроли под кои е земјата уште од времето на Втората светска војна.

Научниците кои се занимаваат со влијанието на индустриските и сообраќајните емисии врз климатските промени и човечкото здравје се обидуваат да ги сфатат можните импликации на пандемијата додека економијата забавува, воздушниот сообраќај е нарушен и големи региони се под карантин.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе