Курти за пукањето во Србите: „Тоа е борба против криминалот. Нашата судбина е во ЕУ“

Премиерот на Косово Аљбин Курти на Економскиот самит во Скопје кажа дека неговата влада се бори против корупцијата и мултиетничкиот организиран криминал.

EPA-EFE

Тој повтори и дека нема да поддржи ниту една иницијатива за Западниот Балкан, која не ја вклучува Европската Унија.

На прашањето за стабилноста на Косово, Курти за вчерашната полициска акција во неколку градови, вклучувајќи го и северот на Косово, кажа дека станува збор за борба против корупцијата.

„За институционална стабилност и владеење на правото се бориме против корупцијата и организираниот криминал, кој е мултиетнички. Српските злосторници и албанските криминалци одлично соработуваат меѓусебно. Ние сакаме и се бориме против нив, што и да се случи. На пример, вчера наутро додека траеше полициската операција во четири општини на Косово и сите оние кои се бавеле беа Срби, дури и повеќето од полицијата, вклучувајќи ги судиите, обвинителите. Мислам дека е погрешно да се дава етнички и политички контекст на борбата против корупцијата, како и на организираниот криминал. Мораме да соработуваме како различни земји од Западниот Балкан против организираниот криминал“, кажа Курти.

Што се однесува до интеграцијата на балканскиот пазар, Курти кажа дека тоа е можно со примена на четирите основни слободи.

„Можно е понатамошно интегрирање на нашите економии, спроведување на четирите основни слободи, интегрирање во заеднички пазар со ЕУ и како за крај прашањето на пристапувањето во ЕУ. Но сето ова мораме да го гледаме како меѓусебно поврзани, бидејќи не е возможно да се оди напред занемарувајќи ги настаните од минатото или игнорирајќи ја актуелната реалност. Наместо тоа да се прифатиме едно со други за да се соочиме со предизвиците“, кажа Курти.

Тој додаде и дека Европската Унија е судбината на Косово, а побара и развојни средства од ЕУ.

„ЕУ е нашата судбина, а Европа е континентот на кој е Косово. Економијата на Косово е сега многу подобра, но затоа ни е потребна поголема помош од претходно. Не хуманитарна помош како порано, туку развојни средства. Државните приходи се зголемени за 30 отсто во однос на минатата година, бизнис прометот е зголемен за 30 отсто, а извозот за 60 отсто. 2021 е годината во која предвидуваме економски раст од најмалку 10 отсто“, заклучи Курти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе