Курти за одземањето на српските таблички на Косово: Не сме ние виновни

Косовскиот премиер Аљбин Курти кажа дека одземањето на српските таблички на Косово не била желба на Приштина, туку нешто што било наметнато „од другата страна“.

EPA-EFE

Приштинска Коха пишува дека тој мислел на Србија.

Курти во косовското собрание кажа дека сè додека граѓаните на Косово плаќаат за табличките кога ќе влезат во Србија, на сила ќе биде и обврската сите возила да ја имаат ознаката „РКС“.

Кажа дека косовската полиција денес презела „неопходни акции и ги конфискувала сите неважечки таблички“ на административните премини.

Тој додаде дека на 15 септември истекол договорот за табличките постигнат во рамки на Бриселскиот договор и наведе дека од тогаш престанало издавањето таблички со ознака „КС“.

„Очекувам сите граѓани правилно да разберат, денес почнува примената на договорот кој Србија го договори со Европската Унија. Регистарските таблички не се наша желба, туку тоа го наметнува другата страна“, кажа Курти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе