Курти за Дојче веле: Не ѝ даваме територија на Србија како утеха за изгубеното Косово

Обединувањето со Албанија, еден ден во иднината, го гледа како успех на Косово, вели во интервјуто за Дојче веле Аљбин Курти, мандатарот за составување косовска влада.

Тој истакна и дека дијалогот со Србија нема да биде првиот приоритет.

Курти истакна дека сака да ги гради и продлабочи односите со Германија каде, според него, Косово има дијаспора од околу половина милион луѓе.

„Со Германија разговараме за две главни теми: првата за внатрешните реформи на Косово, како земјата да се ослободи од кризата, како да се намалат невработеноста и сиромаштијата, како да се сузбијат криминалот и корупцијата.

Сакаме да извршиме петкратна реформа: на судството, економијата, образованието, здравството и безбедносниот сектор“, кажа Курти.

За Косово со неговата влада втор приоритет ќе бидат односите со Србија и останатите земји од западниот Балкан.

„Што се однесува до односите со Србија, се договоривме дека мора да се сретнеме со наследникот на госпоѓата (Федерика) Могерини, Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, за да ја разгледаме подготовката за идниот дијалог заснован врз јасни и прецизни принципи. Не смееме повторно да утнеме“, истакна Курти.

Тој додаде и дека границите на Косово не можат да се менуваат.

„Косово беше дел од југословенската федерација. Околу 110 земји нѐ признаа во вакви граници, вклучувајќи ги САД и Германија, и ние немаме територија која би можеле да ѝ ја дадеме на Србија. Основата на идниот договор на Косово и Србија не може да биде територијална отштета на Србија, како утеха за изгубеното Косово, туку животот на граѓаните, практичните потреби, човековите права и маките кои ги претрпевме под една држава како Србија, која сѐ уште не се соочила со своето минато“, смета лидерот на Самоопределување.

На прашањето за заложувањето за обединување на „албанските територии“, Курти одговори:

„Границата кон Србија не може да се споредува со границата кон Албанија. Границата меѓу Косово и Албанија не е албанска граница, тоа е српска и југословенска граница. Приближувањето, интеграцијата и обединувањето со Албанија – еден ден, во иднина – јас не го гледам како резултат на неуспехот на државата Косово, туку како нејзин успех. Но, оваа земја најпрво мораме да ја направиме успешна“, заклучи Курти.

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе