„Но може да постои идејата за федерација“

Курти: Во ЕУ не може да се случи национално обединување на Албанците

Лидерот на партијата Самоопределување и најверојатно следен премиер на Косово, Аљбин Курти, синоќа изјави дека во Европската Унија не може да се случи национално обединување на Албанците, но дека може да постои идејата за федерација.

„Не можам да кажам дека националното обединување се случува во ЕУ. Таму им се придружуваме на Данците, Австријците и на Шпанците. Тука мора да се случи нашиот сојуз. Би ја користел изјавата на Арбен Џафери: „Историско залагање на Албанците за обединување““, кажа Курти.

„Ние не го бираме обединувањето, туку тоа нѐ бира нас. Никаде нема именка „Башким“ (единство, обединување), ниту има друг народ со назив „Унион“ (унија). Но има луѓе со имиња на знамиња“, кажа Курти.

„Би додал дека Косово и Албанија треба да се приближат, да се интегрираат во единството на идејата за федерација, како Германија, со децентрализација на институциите“, оцени тој.

„Би имале Институт за историја во Призрен, Универзитет за уметност во Пеќ, Факултет за рударство во Митровица, за Туризам во Валона или Драч, Уставен суд во Скадар“, наброја Курти.

Тој кажа дека, ако стане премиер, ќе ги почитува косовските симболи, додека на состаноците со Албанија „нема да гледа на чија страна е знамето, националното или државното“.

„Како премиер, ги почитувам симболите на државата, за кои имам критики. Во односите со Албанија ќе имаме договори, не за фотографирање, туку за спроведување, како пример за заеднички пазар, заеднички граѓански регистар на претпријатија, заеднички владини одбори за надворешни работи и друго“, кажа Курти.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе