Курти во Брисел: Нема да има нова рунда преговори со Белград на 11 мај

Премиерот на Косово Аљбин Курти најави во Брисел дека нема да се одзве на поканата за средба со претставниците на Белград на 11 мај.

EPA-EFE

Средбата во Брисел требаше да биде првата во продолжувањето на дијалогот на двете страни, кој се одвива со посредување на Европската Унија, и прва откако Курти стапи на должноста премиер на Косово.

„Нема да бидам во Брисел на 11 мај“, им кажа Курти на новинарите во Брисел.

Тој, по состанокот во Европската комисија во Брисел, кажа дека нема да има нова рунда на дијалогот на Белград и Приштина, најавена за 11 мај.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел најави во понеделникот, по средбата со претседателот на Србија Александар Вучиќ, дека нова рунда разговори на највисоко ниво ќе биде одржана на 11 мај.

Одговарајќи на прашањето кога очекува разговор за продолжување на дијалогот, Курти кажа дека за него „не е пресудно времето, туку добрата подготовка, за тој процес да им донесе резултати на граѓаните наместо да им служи на политичарите“.

Додаде и дека добил покана кон средината на мај да присуствува на вечера на која во Брисел ќе присуствуваат балканските лидери.

Курти својата прва официјална посета на Брисел ја почна вчера со средба со белгискиот премиер Александер де Кроо.

„Разговаравме за косовската програма за реформа на правосудството, економското заздравување, вакцинацијата и европските и трансатлантските изгледи на Косово. Ја повторив нашата силна поддршка на политичкиот дијалог со Србија“, кажа белгискиот премиер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе