Курти: Три принципи за преговорите со Белград

Аљбин Курти, лидерот на движењето Самоопределување, кое освои најмногу гласови на изборите на Косово, кажа дека преговорите со Белград треба да подразбираат 3 принципи.

Тие се, како што наведе, да нема договор без дијалог, да нема дијалог со мапи околу територии и околу мапите да се погрижат експерти за демаркација на границата, а не политичарите.

Тој за најновиот број на белградскиот неделник НИН кажа дека косовскиот претседател Хашим Тачи работел противуставно додека преговарал со претседателот на Србија Александар Вучиќ околу територијата, бидејќи за меѓународните преговори и договори, како што кажа, мандат имаат владата и премиерот, кои одговараат пред собранието, а не претседателот.

„Ние ќе бараме интерпретација од уставниот суд за неговата политичка дејност. Неговата кариера е во залез“, кажа Курти.

Според него, идејата за Заедница на српски општини „не може да се оствари“ бидејќи е противуставна, како и дека Србите своите граѓански и национални права треба да ги остварат преку институциите на Косово.

„Јас сум спремен и волен да ги слушнам барањата за правата на граѓаните, но не и апетитите на Белград за територии“, истакна Курти.

Тој кажа и дека уставот на Косово предвидува за министрите од редовите на малцинствата да се добие одобрение од претставниците на тоа малцинство во собранието.

„Тоа во овој случај може да биде Српска листа, но не мора по секоја цена да биде нивен член“, наведе Курти и додаде дека нема проблем со партијата Српска листа затоа што е српска, туку поради тоа што, како што кажа, не е партија.

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе