„Не одбивме да предложиме мандатар“

Курти: Тачи го гази уставот на Косово

Лидерот на движењето Самоопределување Аљбин Курти како одговор на писмото од претседателот на Косово Хашим Тачи и средбата со лидерите на партиите застапени во косовскиот парламент кажа дека претседателот со своето однесување го гази уставот на Косово, бидејќи тие не одбиле да предложат мандатар за состав на нова влада.

„И покрај тоа што во никој случај не го одбивме ниту барањето за предложување мандар на 22.4.2020 примив од вас писмо во кое заклучувате, надвор од уставните овластувања како претседател, дека не сум го искористил правото за предложување нов мандатар за формирање влада. Уставот на Косово не предвидува такво овластување на претседателот да оцени или констатира користење или некористење на правото за предлагање мандатар“, се истакнува во писмото на Курти.

Тој истакнува дека уставот ниту пресудата на уставниот суд од 2014 година не утврдиле рок за предложување мандатар.

„Она што уставот го предвидува во овој случај е одредување мандатар само по предлог на партијата или коалицијата која го освоила апсолутното или релативното мнозинство како што тоа е утврдено во точката 84 од пресудата на уставниот суд“, пишува Курти.

Според него, претседателот нема ни уставни права ни овластувања да констатира дека тие одбиле да предложат кандидат за премиер, и дека „претседателот нема мандат ниту овластување надвор од уставот да оценува каква ќе биде владата“.

Претседателот на Косово Хашим Тачи во петтото писмо до претседателот на Самоопределување и премиер во оставка Курти напиша дека тој не го искористил правото да предложи кандидат за нов премиер откако на владата на 25 март ѝ беше изгласана недоверба.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе