„Ќе има министер од српската заедница“

Курти: Српска листа нема да биде дел од владата на Косово

Лидерот на Самоопределување и најверојатен иден премиер на Косово Аљбин Курти изјави дека Српска листа нема да биде дел од новата влада на Косово, но дека еден министер, како што е пропишано со уставот, ќе биде од српската заедница на Косово.

„Ќе го почитувам уставот, но правам содржинска разлика меѓу тоа кога нешто е уставна обврска, и политичка коалиција од другата страна. Се трудиме да направиме владејачка коалиција каде што нема да бидат потребни гласовите на Српска листа. Српска листа ќе биде во опозиција, а тоа што еден министер мора да биде од српската заедница, не значи да се биде во коалиција. Српската национална припадност не е членство во партија туку национална припадност“, изјави Курти за Н1.

На прашањето дали тоа значи дека во идната косовска влада ќе има српски министер со кој ќе се сложи двотретински Српска листа, но нема во политичка смисла да биде третиран како дел од владејачката коалиција, Курти кажа дека „може така да се каже“.

Курти истакна дека сѐ уште не разговарал со претставници на Српска листа и додаде дека „нема да ги екскомуницира во собранието и дека тие се пратеници“, но дека смета дека во општините со мнозинско српско население немало фер и слободни избори.

Наведе дека имало случаи еден Србин да гласал 18 пати како и примери во некои места да има повеќе гласови за Српска листа од жители.

Тој кажа дека до тие појави дошло поради притисоците на официјален Белград Српска листа да добие 100 отсто од гласовите што го опиша како „недостиг од самодоверба“.

„Имате притисок и страшни диктатури не само во Европа и на други места во светот кои би се задоволиле со 80 отсто, а овие сакаа 100 отсто. Не ја обвинува Српска листа, тие го префрлаат притисокот кој самите го чувствуваат, односно притисокот на Белград врз нив се префрла на притисокот врз српското население на Косово“, истакна Курти.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе