Кандидатот за премиер на Косово

Курти: Српска листа не е српска заедница, уставот не вели дека таа листа мора да биде претставувана во владата

Лидерот на движењето Самоопределување и кандидат за премиер на Косово Аљбин Курти изјави денес дека Српска листа „не е српска заедница“ и додаде дека косовскиот устав „не вели“ дека таа листа мора да има свои претставници во владата.

„Првиот и најважен чекор во формирањето на идната влада е колаицијата и договорот на Демократскиот сојуз на Косово и Самоопределување. Свесен сум дека, ако имаме 12 министерства, барем еден министер мора да биде од српската заедница, но нашиот устав не вели дека тој човек мора да биде од Српската листа бидејќи таа не е српска заедница“, кажа Курти за Ал џезира.

Тој оцени дека во односите со Србија треба да се воспостави принципот на реципроцитет, што како што наведе, значи дека „Србија нема да може да ја извезе својата стока на Косово, како ни многу други нешта, сѐ додека не е спремна и Косово да може да извезува стока во Србија и да се грижи за Албанците во Србија, во Прешевската долина, бидејќи најверојатно има повеќе Албанци во Србија отколку Срби на Косово“.

„Принципот на реципроцитет е конструктивен стандард за здрави односи на земјите“, истана Курти и додаде дека ќе го разгледа случајот со царините кон БиХ бидејќи Сараево, според него, „не е слично со Белград“.

Тој ја отфрли идејата за поделба на територијата, наведувајќи дека статусот на Косово е „завршена работа“ и дека не може да има компромис за статусот, територијалниот интегритет и суверенитетот.

„Ние прогласивме независност пред повеќе од 11 години во овие граници кои ги имаме денес и нема да се откажеме од тоа. Статусот на Косово е завршена работа и само ако постојат барања за потребите на српското население на Косово, можеме да разговараме за тоа. Но Белград треба да прикаже зошто ни планот на Ахтисари, кој ја привилегираше српската заедница на Косово, не му е доволен“, кажа Курти.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе