Курти: Србија треба да се ослободи од Косово

Кандидатот за премиер на Косово, лидерот на Самоопределување Аљбин Курти изјави дека, доколку би бил одржан референдум, тој би гласал за обединување со Албанија.

EPA-EFE

Курти во интервју за Јуроњуз, зборувајќи за идејата на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, кажа дека според сегашните закони тоа не е можно, но дека би поддржал обединување со Албанија.

„Сè уште немаме закон за референдум на Косово, но два референдуми меѓу нашата држава и Албанија би решила такво нешто. Мислам дека би гласал за. Да“, кажа Курти.

Курти, меѓу другото, зборуваше и за продолжувањето на дијалогот меѓу Приштина и Белград и истакна дека ќе бара реципроцитет од Србија.

„Спремен сум да се вклучам во дијалог од кој има корист. Но мислам дека не е прифатливо кој било на Косово, нормално, вклучувајќи ме и мене – да се вклучи во дијалог во кој би требало да ѝ го надоместиме на државата Србија губењето на Косово за време на Милошевиќ. Србија изврши геноцид на Косово“, кажа Курти.

Тој се спротивстави на снабдувањето на Косово со вакцини од Кина и од Русија, тврдејќи дека косовската ориентација секогаш била кон Западот.

Курти во интервјуто за бриселски Јуроњуз кажа дека Белград би требало да се соочи со сопственото минато, бидејќи изгледа дека ниту жали ниту се кае.

„Важно е во Србија да дојде до промени во поглед на начинот на кој го гледаат Косово“, кажа тој.

На прашањето дали и понатаму сака целосно извинување, признание и отштета од Белград, Курти кажа дека тоа е неопходно, како и дека е неопходно Белград што побрзо да се оддалечи од Русија и Кина.

„Мислам дека треба да се оттргнат од Руската Федерација и Кина и да се обидат да го направат тоа што побрзо. Мора да се ослободат од Косово. Го ослободивме Косово од Србија. Мислам дека Србија треба да се ослободи од Косово“, кажа Курти.

На прашањето како може да се постигне помирување на Србите од Косово со Албанците, Курти кажа дека тоа не е неопходно, бидејќи не се бореле со нив, туку со Белград.

„Во таа смисла потребно е Србија да се соочи со своето минато, да се погледне во огледало, а не Косово да го гледа со воен двоглед. И да ја признае нашата независност. Мислам дека на Србија ѝ е потребен српски Шарл де Гол кој ќе каже, токму како што Де Гол кажа „Франција е сјајна без Алжир“, дека Србија е сјајна без Косово“, кажа тој.

За Албанија, Курти кажа дека ако на Косово се одржи референдум за придружување на Албанија, тој би гласал за тоа. Објасни дека по косовскиот устав Косово не може да стане дел од Албанија, но може да се придружи на федерација со таа земја.

Тој ѝ порача на Европската Унија дека би требало да се реформира во целост, а не само методологијата на проширувањето.

„Шесте земји од Западниот Балкан и ЕУ се важни едни на други. И шесте земји од Западниот Балкан се дел од Европа како континент и никогаш не смееме да го заборавиме тоа“, кажа Курти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе