Курти: Србија се држи себеси како заложник бидејќи не сака да ја признае независноста на Косово

Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави денес дека Србија самата себе се држи како заложник бидејќи не сака да ја признае независноста на Косово.

EPA-EFE

Тој ова го кажа во Тирана по завршувањето на самитот на лидерите на земјите од Западниот Балкан.

„Сакаме да се интегрираме во ЕУ, во НАТО. Признавањето на Косово е добро и за Србија која самата се држи како заложник бидејќи не сака да нè признае“, кажа Курти.

Зборувајќи за полемиката со српската премиерка Ана Брнабиќ, Курти кажа дека до неа дошло бидејќи Брнабиќ одбива да ја прифати независноста на Приштина. Додаде и дека Србија би требало да се огради од режимот на Слободан Милошевиќ.

„Бројните иницијативи ги споија лидерите на Западниот Балкан за да се донесе духот на евроинтеграциите. Регионалните иницијативи се во застој бидејќи Србија не сака да ја признае независноста на Косово. А тоа би придонело за поголема соработка. Не е доволен само заеднички пазар туку и вредностите на Европската Унија да се вградат во односите во регионот. За Србија е најважно да ја признае независноста на Косово за да ја прифати реалноста“, кажа Курти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе