По средбата во Брисел

Курти: Се надевам дека Вучиќ добро ќе размисли (ФОТО)

Премиерот на Косово Аљбин Курти им се обрати на медиумите по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

EPA-EFE

Тој истакна дека не се согласиле со агендата на дијалогот и додаде дека изнел четири предлози на состанокот.

Како што наведе, првиот се однесувал за Договор за слободна трговија на Југоисточна Европа, познат како ЦЕФТА, според моделот кој Лихтенштајн, Норвешка и Исланд го имаат со Европската Унија. Вториот, според Курти, предлага Србија и Косово да потпишат веднаш договор со кој двете страни би се обврзале да не се напаѓаат.

Курти наведе дека третиот предлог е обострано признавање на Косово и Србија, по кој „двете земји би имале реципроцитетен однос“, вклучувајќи го прашањето на малцинствата на Косово и Националниот совет на Албанците и Бошњаците во Србија. Четвртиот предлог се однесува на судбината на исчезнатите лица.

„На првиот предлог не добив одговор, а три се одбиени. Се надевам дека Вучиќ сериозно ќе размисли за прифаќање на предлозите“, кажа Курти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе